Москва: Бројот на повредени во нападот во „Crocus City Hall“ се зголеми на 360

Сподели со своите пријатели

Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 360, соопшти медицинската служба.

Loading...

„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението што го пренесе ТАСС.

Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, додека 63 лица веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Crocus City Hall“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Во нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште поминувајќи ја блиската украинска граница.