Москва бара итен состанот на Советот на безбедност за источна Гута

Сподели со своите пријатели

Русија предложи во Советот на безбедноста при Обединетите нации денеска да се одржи итен состанок за состојбата во Источна Гута, предградие на сириската престолнина Дамаск.

 

Loading...

 

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Набензја изнесе предлог на состанокот на Советот за безбедност, посветен за мирот и безбедноста во светот, пренесува ТАСС.

– Имаме конкретен предлог, рекол рускиот дипломат и навел дека Москва бара да се повика отворена седница на Советот за безбедност за да се разговара за ситуацијата во источна Гута.

 

 

– Мислам дека тоа е непходно имајќи ја предвид загриженоста која денеска ја слушнавме, така да сите страни ќе мора да ги претстават своите ставови и размислувања за ситуацијата со предлози за решавање, рекол Небензја.

 

Loading...

 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во дебатата ги повика страните итно да ги прекинат конфликтите во источна Гута, за да може да се достави хуманитарна помош на населението.

 

Leave a Reply