„Моша Пијаде“ ќе се реконструира уште во две фази, Димитриевски им се извини на граѓаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека улицата „Моша Пијаде“ ќе влезе во нова фаза на реконструкција, при што по тековните градежни активности ќе следуваат уште две значајни интервенции.

Loading...

Тој им се извини на граѓаните за моменталните потешкотии и најави дополнителни зафати што ќе ја подобрат вкупната инфраструктура на оваа фреквентна улица во центарот на градот.

– Јас жалам за сите реакции, но секогаш е така кога се работи во централно градско подрачје. Нашиот рок со изведувачот е некаде предвиден од 100 дена и еве се работат завршните работи, крпење на улицата, изјави Димитриевкси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

 

Сепак, како што најави градоначалникот, работите на терен не завршуваат тука.

– Мора да ја информирам јавноста дека за жал по оваа активност ќе следуваат уште две крупни активности на оваа улица. Општината заедно со инвеститорот, Светска банка, бидејќи ние сме коинвеститор, ќе направи проценка кога е тоа најдобро, во кој период на годината. А тоа е изработка на комплетна атмосферска канализација на оваа улица и целосна комплетна реконструкција на улицата, вклучувајќи нови тротоари, нова асфалтна подлога по цела должина на улицата, појасни тој.

Loading...

Димитриевски дополни дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за динамиката на наредните фази и потенцираше дека одредени технички забелешки биле веќе доставени до изведувачот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово

– Имавме одредени проблеми со изведувачот, неколку состаноци каде што го информиравме за техничките забелешки во делот на изведба. Очекувам дека тоа е санирано, тоа треба да го потврдат и надлежните во општината. Вклучени се како супервизија на надзорот и претставници од Јавното претпријатие „Водовод“ и самиот технички надзор којшто има целосната законска одговорност за ова, додава Димитриевски.

Првичните завршни активности на улицата, според градоначалникот, треба да бидат комплетирани во најкус можен рок.

Никола Ивановски