Мосад ќе има нов шеф

Сподели со своите пријатели

Израелските специјални служби „Мосад“ ќе имаат нов началник – на местото на Јоси Коен доаѓа Д.Д. чие целосно име не се соопштува, јавија локални медиуми повикувајќи се на извор од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.

Loading...

Се наведува дека Д.Д. е искусен ветеран на Мосад, но не се соопштуваат детали.

Обично, Мосад го открива името на својот шеф откако ќе биде потврден на функцијата.

Името на Јоси Коен често се споменуваше на меѓународната политичка сцена. Тој често патуваше во муслиманските земји со кои Израел успеа да ги затопли односите со посредство на САД во последните месеци.

Кон крајот на ноември, еден од водачите на иранската ракетна програма и припадник на Револуционерната гарда, Мохсен Фахризаде, беше застрелан во Иран. Иран ги обвини разузнавачките служби на САД и Мосад. Израел не ги коментираше обвинувањата.

Златко Шумковски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *