Израел денеска обелодени дека разузнавачката агенција Мосад го пронашла рачниот часовник на Елиј Коен, израелски шпион кој е прогласен за национален херој, откако е погубен во Сирија пред 50 години.
Канцеларијата на премиерот Бенџамин Натнјаху соопшти дека рачниот часовник е вратен во „специјалната операција на Мосад која неодамна била спроведена“, пренесе агенцијата АП.
Како што е наведено, часовникот бил во сопственост на „непријателската држава“ и дека агентите ја потврдиле неговата автентичност.
Loading...
Часовникот, како што рекол шефот на Мосад Јоси Коен, бил дел од „фабриквуаниот арапски идентитет“ шпион-херој, а кој го носел до својата смрт.
Часовникот се наоѓа во седиштето на Мосат и ќе биде вратен на семејството на есен.
Коен се инфилтрирал во сириското раководство во раните шеесети години, а фатен е и погубен во 1965 година.