Морето кај Истанбул наеднаш се повлече за 25 метри! Еве зошто! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Опсерваторијата Кандили и Техничкиот факултет во Истанбул најавија повлекување од 25 метри на Мраморното Море во близина на Истанбул.

Loading...

Во соопштението на опсерваторијата беше наведено дека повлекувањето на морската вода не е предизвикано од земјотрес, туку од метеоролошки настан, а истото го велат и од Факултетот.

„Поради центарот со висок притисок лоциран на запад од Турција, ветерот веќе подолго време дува над Истанбул од север кон југ кон Мраморното Море. Според Генералниот директорат за метеорологија, интензитетот на овој ветер дувањето е 20 километри на час“, објаснуваат од Техничкиот факултет, пренесе Н1.

„Тој ветер постојано носи површинска морска вода на брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул кон југ. Поради ова нивото на водата се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец на Авчилар, додека нивото се зголемува на јужниот брег на Мраморното Море“, додаваат тие.