Моравјецки: Полска да не го воведе еврото, тоа би предизвикало хаос како во Хрватска

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека земјата не треба да го воведува еврото како официјална валута во догледно време, бидејќи неговото воведување во Хрватска предизвика „хаос“ и скок на цените.

Loading...

Тој посочи дека замената на полската државна валута злота со евро дополнително ќе ја влоши инфлацијата, која во Полска веќе достигна 17 отсто, пренесе агенцијата АП, пренесува Спутник.

Моравјецки рече дека Хрватска, која премина на еврото на 1 јануари, минува низ „хаос“ бидејќи цените достигнуваат „превисоко“ ниво.

„Хаотичната ситуација со цените во Хрватска треба да послужи како предупредување“, рече Моравјецки и додаде дека приходите во Полска треба да се приближат до просекот на ЕУ пред земјата воопшто да почне да размислува за прифаќање на еврото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Агенцијата АП наведува дека просечните плати во Полска се помалку од половина од просекот на ЕУ и потсетува дека сите членки мора да усвојат заедничка валута, но дека за тоа нема рок.