МОНСТРУМОТ Е ЕГЗЕКУТИРАН: Ја убил сопругата и ја силувал нејзината ќерка додека таа умирала

Сподели со своите пријатели

Дејвид Кокс, човекот кој во 2010 година за време на осумчасовна полициска опсада ја уби сопругата и сексуално ја напдна пасторката, е првиот осуденик на смрт кој е погубен во американската сојузна држава Мисисипи во последните девет години.

Loading...

Тој е деветти затвореник погубен во САД во 2021 година.

Кокс бил убиен со инекција во државниот затвор, а бил прогласен за мртов во средата во 18:12 часот по локално време, објави локалниот дневен весник „Кларион Леџер“.

„Заслужив смртна казна“

На судењето, кое заврши во 2012 година, Кокс се изјасни за виновен по сите осум точки од обвинението, а во 2018 година ги отпушти адвокатите и ја отфрли жалбата за случајот, велејќи дека „заслужил смртна казна“.

Трагичното убиство се случило во 2010 година, кога Кокс купил пиштол и заминал да ги земе сопругата Ким и нивните две деца.

Стрелецот упаднал во куќата, каде што ги задржал сопругата и двете деца во притвор повеќе од осум часа, рече обвинителот.

Жената умирала со часови, не дозволувал да и помогнат

Loading...

За време на полициската опсада, Кокс ја удрил сопругата во стомакот и во раката, а додека таа умирала со часови, пред нејзините очи три пати сексуално ја нападнал нејзината ќерка. Тој ги одбил барањата на полицијата да и пружи медицинска помош на сопругата.

Полицијата влегла во куќата по осумчасовна опсада и неуспешни преговори и го фатиле Кокс.

Свесен за сè што направил, Кокс напишал писмо до локалниот главен судија во 2018 година, во кое изјави дека тој е „виновникот кој заслужил да умре“.