МОН обезбеди стручна опрема за средното стрчно училиште „Киро Бурназ“ Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановското средно  училиште „Киро Бурназ“ доби стручна опрема во рамки на проектот на Министерството за образование и наука за набавка на стручна опрема за средните училишта во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство, соопштија денеска, надлежните од ова училиште.

Loading...

Оттаму појаснуваат дека станува збор за проект за развој на вештини и поддршка на иновации, Скилс проект.

Покрај, стручна опрема, како што се трактор, соларна сушара за овошје и зеленчук, сет за хирурушки интервенции, училиштето доби и информатичко-компјутерска техника, меѓу нив 20 комјутери, два преносни компјутери, смарт табла, проектор, професионални и канцелариски печатачи и скенери, камера.

-Со опремата значително ќе се подобри квалитетот при изведување на практичната настава во училиштето. Воедно, добиената опрема ќе ги модернизира условите за одржување на квалитетна настава-изјави директорката на училиштето, Весна Трајковска.

Опремата е исклучиво наменета за учениците од земјоделско-ветеринраната струка, додека ИКТ опремата е наменета за учениците од останатите профили. Училиштето кое се наоѓа во кумановското село Којнаре, доби и донација,  возило од американскиот државјанин, инаку поранешен волонтер во мировниот корупс во ова училиште Дејвид Харденберг и неговата сопруга Сузан, кои лично донирале средства за набавка на возилото.

Loading...

Во училиштето настава следат 475 на македонски и  54 ученици на албански наставен јазик во повеќе стручни профили агротехничар, техничар за агроменаџмент, техничар по ветеринарна медицина, техничар за фитофармација,  градинар, цвеќар од земјоделско ветеринарната струка. Во училиштето има и прехранбена, хемиско-технолошка и машинска струка со повеќе профили. 

Leave a Reply