Моментот кога Израел го разнесе нуклеарниот комплекс во Иран (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта, Израел изврши голем воздушен напад врз неколку цели во Иран како дел од операцијата наречена „Разбуден лав“.

Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување на ураниум во Натанц.

МААЕ потврди дека Натанц е меѓу нападнатите локации и е во контакт со иранските власти за следење на нивоата на зрачење.

Во меѓувреме, се појавија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во иранскиот нуклеарен комплекс во Натанц.

Во текот на денот, Израел изврши нов бран воздушни напади на иранска територија, вклучувајќи ги градовите Тебриз и Шираз и нуклеарниот објект Натанц, објавија иранските медиуми во петокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран и Израел: Oтворена војна по децении конфликт во сенка

Израелските медиуми објавија дека Иран возвратил со околу стотина беспилотни летала, но дека сите биле соборени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на операцијата е да се „неутрализира егзистенцијална закана“, истакнувајќи дека Иран со години развива нуклеарни капацитети и отворено се заканува дека ќе го уништи Израел.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, претходно ги нарече израелските напади објава на војна и додаде дека Израел ги преминал сите црвени линии, јавува иранската агенција ИРНА.

Loading...

Аракчи го повика Советот за безбедност на Обединетите нации на итна седница по повод овие напади.