Момчиња од село Лојане повредени во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Вчера во раните утрински часови поточно во 3:15 часот на регионалниот пат Куманово – село Лојане се случила сообраќајна незгода во која В. И. (22) од село Лојане, кумановско, управувајќи пантичко моторно возило „Сеат Толедо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата В.И. и сопатникот Ј.З. (19) од селото Лојане, се здобиле со тешки телесни повреди. Во општата болница Куманово им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите В.И. бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.