Момчето го воодушеви интернетот одговарајќи на прашањето „Како е да растеш со родители хомосексуалци?“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Семејствата доаѓаат во сите облици и големини. Сепак, на сите деца им е заедничко тоа што сакаат да се забавуваат на сметка на нивните родители на социјалните мрежи. Едно момче, чии родители се геј пар, редовно објавува смешни и саркастични шеги на ТикТок.

Loading...

Едно лице на социјалната мрежа постави задача – „кажи ми дека пораснавте со геј родители без да ми кажете дека пораснавте со геј родители“ – а момчето имаше подготвен коментар.

 

@rainbowdads Had to repost the part 2! Still need @cher to comment! #lgbt #tvshow #workfromhome #lgbtq ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

 

За неполна минута тој одговори на предизвикот: „Која е подобра – Мадона или Бијонсе? (Одговорот е Бијонсе.)“; „Знаев за ЛГБТ пред да ја знам азбуката.“; „Го сакам тато, иако има име за сите негови перики“. Со уште неколку смешни коментари, тој ја воодушеви заедницата на ТикТок, а луѓето се заљубија во неговата имагинација и генијалност.

Момчето потоа сними уште едно видео и додаде уште погенијални шеги, на општо воодушевување на следбениците.

 

Loading...
@rainbowdads I love my family! #lgbt #lgbtq #adayinmylife #beforeandafter #fyp ♬ I’M FEELING LUCKY – Ellen Once Again

 

Ова семејство веќе стана вирално поради снимката од прославата на годишнината, кога синот на двојката сними видео во кое покажува како неговите родители првпат се запознале, се венчале и на крајот станале татковци.

Како што се менуваат сликите од таа ера, се слуша „ме научија како да сакам, како да се грижам и ме научија на важноста на ЛГБТ гордоста“.

Предизвикувајќи нежност и смеа, видеото собра околу 2,5 милиони прегледи.