Момче загина на свадба во Липково

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 23,30 часот, во Медицински центар- Куманово е донесен Б.А.(19), државјанин на Република Германија, по потекло од Прешево – Република Србија со огнострелна рана во пределот на левата страна на градниот кош, која ја стекнал на свадбена веселба во село Липково – Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Излезено е на лице место и констатирано е дека околу 22,45 часот, додека седеле во дворот од куќата сопственост на З.Ш.(51) од с.Липково, А.Ш.(63) од с.Липково извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и испукал три куршуми, од кои еден проектил го погодил Б.А. Истиот во критична состојба е донесен во Медицински центар Куманово, каде починал.

По наредба на Основно јавно обвинителство Куманово телото на починатиот е предадено на Институт за судска медицина за обдукција. А.Ш. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.