Момче во музеј скрши вазна стара 3.500 години: „Беше љубопитен“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Четиригодишно момче случајно скршило вазна од бронзеното време во археолошкиот музеј во Хаифа, Израел, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Без стаклена кутија

Античкиот артефакт, за кој експертите велат дека е стар најмалку 3.500 години, бил изложен без стаклена кутија во близина на влезот на објектот во моментот на инцидентот.

Во соопштението испратено до Си-Ен-Ен во средата, музејот Хехт ја бранеше својата одлука да изложи одредени предмети без заштитно стакло, додавајќи дека неговиот основач Рубен Хехт ја нагласил потребата артефактите да бидат достапни за јавноста.

„Музејот смета дека е посебен шарм да се доживее археолошко откритие без никакви пречки“, се вели во соопштението, додавајќи дека институцијата „ќе ја продолжи оваа традиција“ и покрај инцидентот.

Во изјава за Би-Би-Си, таткото на детето рече дека неговиот син „малку се приближил до вазната“ за време на посетата на музејот минатиот петок бидејќи бил „љубопитен што има внатре“.

Мажот додал дека бил шокиран кога го видел својот син покрај скршениот артефакт и дека на почетокот помислил: „Моето дете не го направи тоа“.

Си-Ен-Ен не можеше веднаш да дојде до родителите на момчето.

Ривлин рече дека музејот поставил нови табли кои покажуваат кои предмети смеат да се допираат, а кои не смеат да се допираат.

Loading...

 

 

„Артефактот ќе биде вратен на своето место“

Отворен на територијата на Универзитетот во Хаифа во 1984 година, Музејот Хехт содржи археолошки наоди кои датираат од халколитскиот период (околу 4500 п.н.е. до 3500 п.н.е.).

Побаравме експерт за реставрација да го врати скршениот бокал со помош на фотографии, соопштија од музејот.

„Артефактот за кратко време ќе биде вратен на своето место“, се наведува во соопштението и се додава дека музејот ќе ја искористи реставрацијата како можност за едуцирање на јавноста.

Во меѓувреме, таткото на момчето за Би-Би-Си изјавил дека му е жал што вазната „повеќе нема да биде истиот предмет“.