Момче во метро турна жена на шините, возот застана во последна секунда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младо момче во петокот вечерта околу 19:45 часот намерно ја турнал жената на шините на метро станицата Рожие во Брисел, но, за среќа, возот успеал да застане на време.

Loading...

Тој ја турнал жената на шините додека возот влегувал во станицата, но набрзина ѝ помогнале случајни минувачи, потврдија од бриселската компанија за јавен превоз СТИБ, која управува со метрото.

„Возачот реагираше многу добро, но е во шок, како и жртвата“, изјави за Brussels Times Гај Саблон, портпарол на STIB.

На снимката од видео надзорот се гледа како сторителот, млад човек, оди напред-назад по платформата, а потоа ја турка жената одзади кон шините.

 

 

Други луѓе кои стоеја на платформата и помогнаа на жената да се симне од шините и да се врати на платформата.

Loading...

На местото на настанот веднаш била повикана полиција и брза помош. Жената и возачот на метрото се пренесени во болница, а откако им била укажана потребната нега, пуштени се дома.

Насилникот побегнал веднаш откако ја оттурнал жената, но во меѓувреме е уапсен, потврди во саботата наутро Јавното обвинителство на Брисел.

Осомничениот бил сослушан од истражен судија и приведен за убиство во обид.

Истражниот судија назначил психијатриско вештачење да ја провери неговата состојба.

Во меѓувреме, истрагата за инцидентот сѐ уште е во тек за да се утврдат точните околности на настанот и мотивот на осомничените.