Момче со месеци живеело во куќичка за кучиња, го пронашле премрзнато

Сподели со своите пријатели

Момче (9) од Северна Каролина е пронајдено заклучено во куќа за кучиња на отворено.

Loading...

Надвор тоа утро било минус два Целзиусови степени, а момчето носело маица со кратки ракави и фармерки.

После тоа го уапсиле неговото семејство.

Полицајците го нашле бос, а тој им рекол дека од април живее во куќичка за кучиња во Лексингтон бидејќи нема место за него во куќата.

Полицијата ги привела неговата маќеа Сара Стар, таткото Џонатан Стар и тетката Сара Стар и сопственичката на куќата Шели Барнс.

Сите тројца се обвинети за злоупотреба на малолетно дете.

Полицијата излегла на терен по анонимна дојава дека во куќата за кучиња живее дете.

Кога стигнале, во влажна куќарка за кучиња нашле две ќебиња, палто, маица и пар детски чевли.

Loading...

„Јас сум полицаец 36 години и никогаш не сум видел нешто толку вознемирувачко“, рекол шерифот Ричи Симонс.

– Детето го однесовме во детската болница. Истиот ден бил прегледан и пуштен на слобода. Куќичката за кучиња имаше катанец на неа, а само сопственичката на куќата Шели Барнс го знаеше кодот за отклучување. Во куќата имало уште пет деца кои сега се преземени од социјалната помош – наведува понатаму.