Момче родено со само 268 грама е отпуштено во болница во Токио по неколку месеци лекување, соопштуваат од болницата.
Тој истовремено е најмалото родено машко бебе во светот кое останало живо и било на интензивна нега се додека не достигнало тежина од 3,2 килограми, кога и било отпштено, пренесува Ројтерс.
– Благодарна сум што порасна толку, затоа што, искрено не бев сигурна дека ќе преживее, рекла неговата мајка.
Според документацијата на Универзитетот во Ајова, уште еден случен случај е бебе родено во 2009 година во Германија со само 274 грама, што пред раѓањето го носело рекордот на машко дете со најмала тежина при раѓање.
Тежината на најмалото родено девојче изнесува 252 грама, а родено е исто така во Германија во 2015 година.