Момче од Куманово тешко повредено, во неговиот велосипед удрил автомобил

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат Куманово – село Табановце, вчера околу 16.30 часот, патничко возило „Опел Вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово.

Loading...

Како што информираат о СВР Куманово, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово.

По укажаната помош тој бил препратен  во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *