Момче каснато од три ајкули додека било на одмор

Сподели со своите пријатели

Момче (8) од Велика Британија било нападнато од три ајкули додека бил на одмор на Бахамите, при што ги повредил двете нозе.

Loading...

Финли Даунер бил на екскурзија до заштитеното пристаниште Компас Кеј со своето семејство минатата недела кога се случил ужасниот напад.

Преплашеното момче морало да биде извлечено на безбедно од неговата 12-годишна сестра за време на патување, откако најмалку три ајкули ненадејно го каснале момчето за двете нозе, неиспровоцирано.

Таткото на Финли, Мајкл (44) резервирал луксузен летен одмор со своите три деца Финли, Лили (9) и Емили (12), кој вклучувал патување на пет острови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Мајкл рече дека неговите деца подоцна во текот на патувањето виделе ајкули како пливаат во блиската лагуна покрај толпа туристи и отишле таму, несвесни дека се хранат со остатоците што им биле фрлени.

– Одеднаш слушнав крик и видов луѓе кои се собираат околу Финли. Имаше многу крв, парчиња месо висеа од ногата. Можеле да го убијат – изјавил таткото за Дејли Мејл.

Момчето брзо било извлечено од водата од неговата сестра и однесено во блиската болница.

Семејството сега се вратило дома, а неговиот син морал да оди на тричасовна операција.

Loading...

Таткото е бесен затоа што туристичките водичи му рекле дека ајкулите се безбедни и покрај тоа што Финли сега мора да користи инвалидска количка додека раните на нозете му зараснуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија