Ако се прашувавте како изгледа кога на долгоочекуваниот одмор во Египет дознавте дека партнерот ве изневерил на Ибица, изгледа токму вака!
Оваа двојка пристигна во Египет и се чинеше дека се е во ред, се додека едно утро не беше забележана девојка како го влече куферот на своето момче покрај базенот.
– Ја отвори чантата и почна да му ги покажува работите на момчето што седеше од другата страна на базенот, а потоа да ги фрли во базенот – изјави еден од очевидците што го сними видеото, а ова беше објави и британски Дејли Мирор.
Видеото од ТикТок е прегледано повеќе од 250.000 пати, а луѓето го нарекоа: „Еве што се случува кога ќе ве фатат како изневерувате девојка на Ибица“.
Во позадина се слуша женски глас кој предупредува со зборовите: „Мислам дека ти го донесе куферот“, на што мажот истури море од навреди, гледајќи што прави сега неговата поранешна девојка.
Наводно оваа жена дури во Египет дознала дека нејзиното момче ја изневерувало на Ибица за време на неговото претходно самостојно патување.
За да се оправда подоцна, овој човек ја раскажа и својата верзија на приказната.
– Не е точно дека ја изневерував на Ибица, раскинавме пред да отпатуваме за Египет. Поточно, решивме да одмориме од врската. Меѓутоа, за да не ги изгубиме парите кои не можевме да ги вратиме во последен момент, решивме да отпатуваме во Египет, но како пријатели, а не повеќе како вљубен пар. Во авионот и кажав дека во меѓувреме сум запознала друга додека бевме „на пауза“ и дека дефинитивно е крајот меѓу нас, дека ќе ја напуштам. Затоа збеснала – ја раскажал овој човек својата верзија во која ретко кој навистина верувал.
@chelsc123 Reply to @heathercoops0 ♬ original sound – 𝐂𝐇𝐄𝐋𝐒𝐈 𝐂𝐀𝐑𝐕𝐄𝐑♥