Момче играјќи „Фортнит“ собирало пари за болниот татко

Сподели со своите пријатели

Момче од Канада на Твитер објавило дека започнува да собира средства за лекување на својот татко, но тоа го направил на оргинален начин – во живо се пренесувал себе како ја игра игричката „Фортнит“.

Loading...

Во твитот напишал: „Лајв сум и собирам средства за својот татко. Благодарен сум на сите донатори“.

Неговиот татко прв се појави на стримот за да ја објасни ситуацијата. Има рак на ректумот кој му е дијагностициран на 14 септември 2018 година. Од тогаш животот не му бил лесен. Без хемиотерапијата, таткото не би можел ниту до крајот на годинава, а со лекувањето би можел да си го продолжи животот на најмалку три дополнителни години, со веројатност од 20 отсто дека ќе продолжи да живее.

– Многу е тешко. Понекогаш толку е тешко што не можам да одам. Понекогаш со денови морам да легам во креветот. Не можам да се поместам, но морам да се борам рекол таткото во преносот.

Откако го преземал неговиот син и го правел она што најдобро му оди, Неговата цел била да собере 5.000 долари за лекување на татко си, а за да собере толкави пари одлучил да мине многу часови пред екранот. Му требале три дена да собере 30 отсто од сакаата сума.

Иако немал голема публика, момчето во текот на времето успеал да сними повеќе од 20 часа и да собере скоро 8.000 долари.

CoL MackWood бил првиот професионален играч кој донирал и ги повикал другите да го сторат истото.

Околу четвтриот ден, луѓето започнале да го „бомбардираат“ момчето со прашања за татко му и да донираат што довело до тоа да бидат собрани вкупно 13.000 долари.

Loading...

Потоа момчето споделило уште една емотивна приказна на Твитер.

– Не можам со зборови да се заблагодарам на сите кои учествуваа во преносот. Немам зборови. Го променивте и мојот живот засекогаш и ќе ве паметиме до крајот на животот. Благодарам, напишал тој.

Фото: Твитер

Leave a Reply