Молдавија: Русија тргнува кон нас следната година

Сподели со своите пријатели

Шефот на молдавската разузнавачка служба вчера изјави дека постои ризик од нова руска офанзива кон истокот на неговата земја следната година и посочи дека Москва се уште сака да воспостави копнен коридор низ Украина до отцепениот молдавски регион Придњестровје.

Loading...

Коментарите на шефот на Службата за информации и безбедност, Александар Мусеат, потсетуваат на неодамнешните предупредувања на Украина, каде водечките генерали во последните денови предупредуваа дека постои голема закана од нова руска офанзива на почетокот на следната година.

„Прашањето не е дали Руската Федерација ќе започне нова акција кон територијата на Молдавија, туку кога ќе го направи тоа“, изјави тој за локалната телевизија.

Тој рече дека неговата агенција верува дека Русија разгледува неколку сценарија за да стигне до Молдавија и дека е можно офанзивата да започне во периодот јануари-февруари или подоцна во март-април.

Молдавија, која се наоѓа западно од Украина, има мал буџет за одбрана и долго време има руски војници и мировници стационирани во Придњестровје, отцепен регион кој опстојува три децении со поддршка на Москва.

Мустеата рече дека Русија сака да ги поврзе своите сили со оние во Придњестровје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.