Модна ревија на обувки и облека на производители и трговци од Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановци вчера во Занаетчискиот дом имаа можност да ја проследат ревијата на обувки и облека на производителите и трговците од градот, која ја организираше Здружението на чевлари од Куманово со поддршка на општината, по повод пет века постоење на Куманово.

Loading...

Повеќе прозиводители на чевли ги претставија моделите од есенската и зимската колекција.

Куманово се развива во индустриски град токму поради вековната традиција во изработка на чевли, занаетчиството, рече во обраќањето пред присутните градоначалникот Максим Димитриевски. Потсетувајќи за периодот на индустријализацијата, општествените промени, тој истакна дека денес во градот има бројни мали, средни и извозно ориентирани компании.

-Имаме и сериозни компании во делот на кожарската преработка и во текстилната индустрија. Сето ова се надоградува со синџир на претприемачи кои успешно стопанисуваат во градот, кои се вложуваат за развојот на градот и би сакал да се заблагодарам во име на граѓаните -рече Димитриевски.

Loading...

Здружението на чевлари во Куманово опфаќа 47 компании на ниво на државата, најголем процент од градот. Добрата изработка, квалитетот, следењето на модните треднови е она по кое се препознатливи производителите на чевли од градот не само во државата, туку и во регионот и Европа. Голем број компании од Куманово од оваа индустрија соработуваат со фирми од Италија и Германија и извезуваат готови и полуготови производи, чевли, чизми, ремени,чанти.

Leave a Reply