Модерна џамија во центарот на Техеран ги разгневи конзервативците (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во центарот на иранската престолнина неодамна е изградена „авангардна џамија“.

Приказна за Македонка која се конвертирала во ислам (фото)

Loading...

Модерната градба, која се протега на 25.000 квадратни метри, се наоѓа на важната крстосница во центарот на градот, во популарната трговска зона кај градскиот театар и Техеранскиот универзитет, во кој инаку се одржуваат културни и уметнички манифестации.

 

 

По 10 години градење, џамијата вредна 16 милиони долари конечно е завршена, а се очекува да биде отворена за јавноста во наредните месеци.

Архитектите кои стојат за новоизградената џамија „Вали-е-Аср“, наместо традиционалните кружни куполи и издигнати минариња, се определиле за брановиден дизајн со сив камен и бетон, тврдјќи дека тоа е совршено дополнение на архитектурата и дека потсетува на едноставноста на раниот ислам.

 

 

Меѓутоа новата градба ги разгневи конзервативците, кои ја гледаат како дел од секуларен јуриш на Исламската Република, а влстатите ги обвинуваат за предавство затоа што ја дозволиле изградбата на џамијата.

Leave a Reply