Мнозинството Руси се уште не се подготвени да ја примат домашната вакцина против Ковид-19 поради сомневања во нејзината безбедност, покажа истражувањето на невладиниот „Левада центар“.
Недовербата кон руската вакцина постојано расте, соопшти Центарот, наведувајќи дека само 36 проценти од испитаниците изразиле подготвеност за доброволно и бесплатно вакцинирање, додека 59 проценти биле против.
Во август 53,8 проценти од Русите имаа негативен однос кон вакцинацијата.
Довербата во руската вакцина против Ковид-19 најмногу опадна кај граѓаните на Москва и граѓаните со високо образование, покажаа резултатите од анкетата.
Денис Волков, заменик директор на Центарот „Левада“, смета дека резултатите од истражувањето покажуваат дека властите не можат да ја надминат недовербата на граѓаните кон вакцината бидејќи таа беше направена „брзо“, на граѓаните им изгледа „недовршена“, без разлика на нејзиното рекламирање.
Односот кон руската вакцина, смета Волков, ќе се смени само кога ќе се извршат тестови и прегледи.
Сашко Димевски