Велика Британија може да си дозволи да одвои уште повеќе пари за економијата, иако веќе потроши многу во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави денеска Кристалина Георгиева, генерална директорка на ММФ.
Британската Влада треба да ги засили јавните инвестиции и да ја зголеми социјалната помош за луѓето кои останаа без работа поради Ковид-19, додаде таа.
Исто така, Владата во Лондон треба да продолжи да ги поддржува малите компании и да ги штити работниците сè додека не заврши економската криза, рече Георгиева во име на ММФ.
– Мојата главна порака денес е дека континуираната помош е клучна во намерата да се одговори на ударот на пандемијата, што ќе ја одржи и освежи економијата, рече Георгиева во онлајн презентација со британскиот министер за финансии Риши Сунак.
Таа го поздрави ветувањето на британската Влада која е решена да го подигне моралот и самодовербата на луѓето.
ММФ проценува дека Велика Британија годинава ќе има дефицит од 16,5 проценти од бруто домашниот производ.
Јасмина Тасевска