ММФ одобри програма за Украина

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри четиримесечна програма за Украина која треба да помогне во промовирањето на донаторското финансирање и одржувањето на економската стабилност во земјата разурната од војна.

Loading...

Првиот заменик генерален директор на ММФ, Гита Гопинат, објави дека на 9 декември, Извршниот одбор на ММФ одобрил т.н. Програмски мониторинг со учество на одборот (ПМБ), додавајќи дека програмата ќе и помогне на Украина да се справи со финансиските предизвици, пренесува Ројтерс.

Тој забележува дека ММФ нема да обезбеди никакви заеми за самата Украина, но се надева дека програмата ќе помогне да се изгради доверба меѓу земјите донатори за поддршка на Украина.

Според програмата, Украина вети дека ќе преземе мерки за да ги зголеми своите даночни приходи, да го оживее пазарот на домашен долг и да го реформира финансискиот сектор.

„Истовремено, ПМБ се стреми да промовира транспарентност и да ги зачува тешко стекнатите успеси кои произлегуваат од имплементацијата на претходните програми поддржани од ММФ, вклучително и оние во областите на независноста на Народната банка на Украина, управувањето и борбата против корупцијата“, рече Гопинат.

Шефот на мисијата на ММФ за Украина, Гевин Греј, изјави дека организацијата проценува дека на Украина ќе и бидат потребни меѓу 40 и 57 милијарди долари дополнително финансирање, обезбедено од надворешни извори, во текот на 2023 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.