ММА Клубот „Куманово 2006“ со успешни резултати од овогодинешното првенство

Сподели со своите пријатели

Во рамки на натпреварувачката сезона за кик бокс и ММА федерација на Македонија, викендов во Прилеп се одржа првенство во ММА дисциплини на кое зеде учество клубот од нашиот град “Куманово 2006” со свои натпреварувачи и оствари добри резултати.

Емилио Богатиновски победи во категорија до 84 кг за јуниори, а Милош Делевски загуби во категорија до 66 кг.

На турнирот учество зедоа повеќе клубови од Македонија така да нашиот клуб екипно постигна добар резултат, натпреварувачите се стекнаа со повеќе искуство и секако нашиот град го прествавуваа во убаво издание.

Задоволен сум од постигнатите резултати и сакам да ја искористам оваа можност да се заблагодарам кои помогнаа да го реализираме оваа учество на турнирот, Градоначалникот и Општинскиот сојуз на спортови и некои правни субјекти – вели Илиевски.

IMG_20160306_165555

Loading...

 

Инаку на нашиот истакнат тренер кој е долгогодишен репрезентативец на Македонија во Кик Бокс и ММА и учесник на две европски и едно светско првенство Сашо Илиевски од страна на организаторот му е врачена плакета за долгогодишна успешна работа во кик бокс и ММА и афирмација на овој спорт во градот и државата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.