Младо момче силувало тинејџерка откако три недели живеел под нејзиниот кревет

Сподели со своите пријатели

Млад човек од Охајо, кој наводно силувал тинејџерка од Синсинати додека живеел под нејзиниот кревет три недели, е обвинет за сексуален напад.

Loading...

Според судските документи, 20-годишниот Џерет Рајт е обвинет дека ја држел жртвата и ги присилувал на сексуални односи.

Рајт, кој беше уапсен во четвртокот, исто така е обвинет за една точка за производство на детска порнографија, пренесува Дејли меил.

Обвинителството соопшти дека Рајт ја запознал жртвата преку интернет, по што тој живеел под нејзиниот кревет три недели.

Тој исто така е обвинет за фотографирање на жртвата гола.

Полицијата потврди дека жртвата знаела дека Рајт е под нејзиниот кревет, но дека нејзината мајка не била свесна за тоа.

Нема објавено повеќе детали за случајот и не е познато кога мајката на жртвата дознала дека Рајт живее во нејзината куќа.

Останува да се види дали Рајт можел да излезе и да се врати дома во текот на тие три недели.

Loading...

Му била одредена кауција од 50.000 американски долари и засега останува во притвор.

Тој наскоро треба да се појави на суд.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *