Младинци од 14 држави од светот учествуваа во „Караванот на толеранцијата“ на Мулти Култи (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Заврши проектот насловен како „Караван на толеранцијата – Извинете, дали е омразата ваша?“ во организација на младинскиот центар Мулти Култи и Центарот за интеркултурен дијалог.

Loading...

[huge_it_gallery id=”213″]

Со хепенинг на градскиот плоштад во Куманово, околу 30 млади луѓе од 14 различни држави од светот учествуваа во уличниот перформанс, а потоа како дел од истиот проект се одржа изложба на фотографии и видеа, театарски перформанс и дискусија на тема со проблемите од областа на мирот и правото на слободно изразување на љубов.

Тамара Гојковиќ, инаку член на меѓународната младинска организација, Млади за Размена и Разбирање (Youth for Exchange and Understanding International) од Србија вели дека оваа организација која постои веќе 30 години се занимава со интеркултурален дијалог и соработка на младите од Европа и Северна Африка.

Годишно собираме околу 400 до 500 млади луѓе кои поминуваат низ различни програми кои се однесуваат од интеркултурен дијалог па до тоа како да водите организација, како да ги анимирате младите луѓе да се вклучат во општеството.

Караванот на толеранција е дел од едногодишен проект “Извинете, дали е омразата ваша?” кој има за цел да ги развие капацитетите на младите од пост – конфликтни области да делуваат како мултипликатори во нивните локални средини во процеси за градење на мир.

Матеј Маневски од Центарот за интеркултурен дијалот вели дека проектот започнал најпрвин во Вуковар и Никозија, Кипар, од каде Турата на толеранцијата била преселена и изведувана и на Балканот.

Идејата на целиот проект е да се подигне свеста за негативните елементи на говорот на омраза исто така за љубовта како таква, посебно забранетата љубов помеѓу различни етницитети, религии, групи на луѓе, вели Маневски.

Loading...

Проектот е поддржан од Европската Младинска Фондација на Советот на Европа, а веќе од денес, Турата на толеранцијата се сели на просторите на Србија, каде караванот ќе се одржи низ неколку градови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.