Младите навечер се собираат кај Гимназија, полицијата да презема мерки, повика советникот Стошевски

Сподели со своите пријатели

По затворањето на кафулињата и рестораните, по 21 часот, младите се собираат и групираат, особено пред Гимназијата „Гоце Делчев“, рече вчера советникот Сашо Стошевски, кој на седницата на Совет на Општина Куманово ја повика полицијата да презема мерки за спречување на ваквите групирања.

Loading...

– Секојдневно свесни за гужвата пред Гимназијата која се случува особено во вечерните часови по 21 часот, односно кога ќе се затворат рестораните и кафулињата. Имаме голем број млади луѓе кои се собираат и се групираат, ве замолувам да се вклучите поактивно во одржување на јавниот ред и мир, вие и со вашите и наши полициски службеници да преземете пообемни мерки особено во спречување на заразата од ковид 19, порача советникот Стошевски до Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

фото: архива

 

Стошевски имаше критики и до банките кои, како што рече, не се грижат за своите клиенти и нивното здравје и дозволуваат да се создаваат метежи пред нивните експозитури.

– Гледаме дека банките немаат чувство за своите клиенти, тие банки од тие клиенти живеат и функционираат, а не размислуваат да отворат уште некоја подружница или шалтер за да граѓаните на некој начин си ги завршат своите работи. Има по педесетина луѓе пред банката, банките не водат сметка за нив, не се почитуваат никакви мерки за заштита пред тие банки, рече Стошевски.

Тој повика полицијата да се обиде да воведе ред пред банките со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Воедно истакна дека во текот на првиот дел од оваа година, намален е криминалитетот на подрачјето на СВР Куманово, како и бројот на случени сообраќајни несреќи, што првенствено се должи и на долгите викенди со полициски час и карантини во текот на пролетта.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply