Младите Бугари сакаат да останат да живеат и работат во земјата

Сподели со своите пријатели

Дури девет од десет млади Бугари сакаат да останат да работат и да живеат во земјата, од кои речиси половина, 45 отсто, сакаат да работат кај локален работодавач, покажува новото истражување.

Loading...

Испитаниците очекуваат дека во нивната земја имаат подобри услови за професионално усовршување, како и за наоѓање работа во професијата.

Повеќето од нив тврдат дека странските работодавци во Бугарија повеќе бараат извршни кадри, додека бугарските компании даваат можности за нови идеи.

Две третини од испитаниците сметаат дека самите се одговорни за својата кариера, а повеќе од половина истакнуваат дека можноста за работа од дома е многу важна, пренесе бугарската агенција БТА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Русија побара итни консултации со Србија за санкциите за НИС

Околу 80% од младите (18-35 години) очекуваат владата и работодавците да обезбедат повисоки плати бидејќи сметаат дека почетната плата од 1.200 лева (околу 615 евра) е прениска, а очекуваат да заработат 4.300 лева (околу 2.200 евра) до крајот на првата година на работа).

Половина од испитаниците би се вратиле во родниот град доколку добијат добра работа.

Исто така, половина од испитаниците сакаат да основаат сопствена компанија.

Како што јави БТА, младите Бугари првенствено очекуваат владата да го подобри меѓународниот имиџ на земјата и да обезбеди подобар животен стандард.

Loading...

На прашањето за приватниот живот, седум од десет одговориле дека сакаат да имаат деца во следните пет години, а како главни фактори за таа одлука ја наведуваат довербата во партнерот и решеното станбено прашање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проневера на бугарските железници од над 94 милиони евра, обвинение за четири лица

Анкетата беше спроведена од медиумската платформа „Бугарија ве сака“ и агенцијата за маркетинг истражување ЈТН во мај 2024 година.