Младинската екипа на ЖРК Куманово вицешампион на Македонија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на младинскиот состав на Куманово се вицешампионки на Македонија откако во финалето на завршниот турнир не ја одбранија титулата од Металург.

Loading...

Кумановки убедливо беа поразни со резултат 26:16, иако на почетокот на мечот резултатот носеше голема неизвесност и игра гол за гол.

Но, второто полувреме неизвесноста исчезна откако Металург поведе со шест погодоци пред кумановки.

Младинскиот состав на Куманово минатата година беше шампион и во младинската и во сениорската конкуренција.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 17 часот?