Младинците на КК Куманово подобри од МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово кои се натпреваруваат во категориите М13 и М16 викендов на домашен терен ги измерија силите со младинските состави на МЗТ Скопје Аеродром, при што запишаа две победи.

Loading...

Играчите до 13 години на Куманово запишаа победа со резултат 48:29, додека кошаркарите до 16 години исто така остварија убедлива победа со резултат 81:64.

Во М14 категоријата, кошаркарите на Ролинг од Струмица беа подобри, при што го совладаа кумановскиот состав со 62:56.

Во лигата до 18 години, Чаир за еден поен беше подобар од Куманово, при што запиша победа со 66:65.

Никола Ивановски

Leave a Reply