Младенците нарачале торта без натпис: Она што го добиле шокираше и насмеа многу луѓе

Сподели со своите пријатели

Многу слаткари прават специјални торти и колачи со пораки за своите клиенти. Меѓутоа, кога ќе ги нарачате и договорите, треба да бидете многу прецизни во она што го сакате, инаку би можеле да поминете како двајца младенци од Бостон.

Loading...

Имено, сопственичката на ресторанот во кој пристигнала свадбената торта, Џен Ројал, објави фотографија од свадбената торта со натпис кој младенците воопшто не го сакале, а особено не оној што го добиле.

Од слаткарницата тие испратиле торта во ресторанот каде што парот ја организирал венчавката, а вработените во ресторанот се изненадиле кога добиле бела торта со црн натпис „Без натпис ве молам!“.

 

 

 

– Добивме свадбена торта за денешните младенци. Да, ете … – напиша Џен.

Loading...

Фотографијата веднаш предизвика многу коментари.

Веднаш се јавиле и слаткарите кои ја подготвиле тортата и рекле дека напишале точно онака како што рекле младенците, а во нивна одбрана поставиле налог за купување на кој навистина стои во делот за избор на натписи: „Без натпис, те молам“.

Оваа фотографија брзо стана вирална и насмеа многу луѓе, а еден корисник исто така напиша дека му е „жал што не можел да го види изразот на лицето на невестата кога ја донеле тортата“.

 

 

Сепак, Џен напиша дека вработените во ресторанот, по нејзина иницијатива, ја поправиле тортата, дека го отстраниле натписот и го украсиле со цвеќиња.

– Одлична идеја, браво – напиша еден корисник на социјалната мрежа Твитер и ја пофали снаодливоста на вработените во ресторанот.

Loading...

Leave a Reply