Младата Драгана Јовановска од Куманово лансираше нова песна: „Оди си” (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Оди си” е насловот на најновото музичко издание на младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска од Куманово, која полека, но сигурно го гради својот музички пат на македонската сцена.

Loading...

„Оди си” беше вчера објавена на скоро сите музичките платформи, а веднаш потоа Драгана ја сподели и на социјалните мрежи.

Ако може да се суди по првите коментари, тогаш ќе заклучиме дека младата пејачка има одлична летна нумера.

„Драго ми е што може да прочитам позитивни коментари. Можеби оваа песна до сега ми е фаворит, иако и претходните си имаат свој печат и квалитет, нормално. Оваа ми беше љубов при првото пеење и смислување на рефренот. Оваа песна е моја прва соработка со Иван и мислам дека супер се вклопивме и се разбравме што сакаме да направиме. За текстот беше задолжен Таско, кој својата работа ја заврши фантастично. Задоволна сум од тоа каков пакет направивме и се надевам дека публиката ќе ужива во новата песна и видеозапис за истата.” – вели младата пејачка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Момче од Куманово загина откако со мотор удрил во бетонски столб

Инаку Драгана како и за претходните песни „Случајно”, „Гламур”, „Камиказа”, така и за најноватa сними одличен видеоспот со тимот на “Урбан Рекордс”.

Уживајте во песната и спотот, а доколку ви се допадне споделете на социјалните мрежи:

 

Loading...