Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Дваесет ии едногодишен кумановец го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Loading...

На 29.02.2020 во 06,30 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Октомвриска револуција“, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб.

Во возилото биле Д.В.(21) и М.С.(21) двајцата од Куманово кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. констатирана била смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply