Млад кумановец загина во сообраќајка на „Тоде Думба“

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа рано утринава, а уште едно лице е повредено.

Loading...

– На 13.01.2022 година околу 02:36 часот на улицата „Тоде Думба“ во Куманово патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, во кое се превезувале П.П. (26) и Н.С. (29), двајцата од Куманово, удрило во ограда и во паркирано возило, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат оттаму, на местото на несреќата починал дваесет и шестгодишниот П.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Н.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Никола Ивановски