МКК Куманово впиша 9та победа по ред

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово викендов забележаа девета победа по ред во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Loading...

Избраниците на тренерот Марин Докузовски викендов на гостински терен без премногу мака го совладаа составот на Соколи со 62:75.

И по оваа победа кумановци остануваа неприкосновени на врвот на табелата без ниту еден пораз.

Од друга страна, вториот кумановски второлигаш КК Куманово 2009 од засега непознати причини впиша службен пораз, а натпреварот против Ангели кој требаше да се игра на домашен терен, воопшто не се одржа.

Никола Ивановски