МКК Куманово убедливо и против Мега Баскет

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово викендов остварија убедлива победа против составот на Мега Баскет.

Loading...

Со резултат 71:93 избраниците на тренерот Марин Докузовски славеа на гостувањето во Прилеп.

Со оваа победа остануваат на врвот во табелата како единствен непоразен клуб и по седум одиграни кола.

Тоа пак ги зголемува шансите за остварување на нивната зацртана цел – следната сезона да играат во елитната Прва лига.

Никола Ивановски