МКК Куманово ќе игра полуфинале! (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Последното четвртфинале од завршницата на Купот „Благоја Георгиевски-Бутур“ во кое се сретнаа екипите на Пелистер и на домаќинот, МКК Куманово, очекувано, донесе полна сала и најголеми возбудувања.

И победа на екипата-домаќин, МКК Куманово…

 

 

Сериозни проблеми имаа кумановци со реализацијата на слободните фрлања. Во првиот период, само Луковиќ имаше (1/6) од линијата за слободни фрлања. И извесно е дека ќе имаа „домаќините“ поголемо водство од она (15:11), кое противникот успеа да го престигне.

И по десет минути од последното четвртфинале, Пелистер да биде еден поен пред МКК Куманово (18:17).

 

 

По тројката на Стојановски, „зелено-белите“ имаа и повисоки, (21:17), на почетокот на втората четвртина.

Без Луковиќ во рекетот, „пелистерци“ имаа многу повеќе опции во нападот, ја искористија ситуацијата, и ја зголемија предноста, (28:23), потоа и на (31:25).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од ноќва големо поксапување на горивата во Македонија

 

 

Влегувањето во игра на Ѓуроски, и враќањето на Луковиќ донесоа малку поинаква слика на на теренот. Искусниот двоец му донесе нерешен резултат на МКК Куманово во четвртфиналето (36:36), по неполни 19.минути од играта.

 

 

Слободните фрлања беа и останаа слабост во играта на „сино-белите“, кои првото полувреме го завршија со повеќе од ниски (7/17). Но добра скок-игра, макар што во вториот период, за само неколку минути гостите од Битола освоија дури шест топки во фазата на нападот.

 

 

Тоа и им ја доенсе прендоста на полувремето (41:27).

Со Малешевиќ како прво поентерско име, реализираше 15.поени.

На другата страна, Луковиќ застана на 12.реализации (и пет скока).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово поднесени 26.256 барања за легализација, над 5.800 сè уште нерешени (ВИДЕО)

 

 

Со серијата од (8-2), реализирана за неполни четири минути, МКК Куманово ја врати предноста на својата страна (45:43). Но не за долго, затоа што битолчани одговорија со своја серија на поени, која ги врати во позитива (56:50), кога се играше 29.минута. Но Радукиќ, и неизбежниот Луковиќ не дозволија истата да биде и повисока.

По три одиграни четвртини, водеше Пелистер, но со минимални (56:54).

 

 

Имаа битолчани и плус 5 (61:56), на почетокот на последната четвртина. Веќе на средината, резулатот одново беше израмнет, двете екипи имаа по 61.поен. А по тројката на Стевановиќ, нова промена на водството, сега на страната на МКК Куманово (64:63), на нешто повеќе од четири минути до крајот.

 

 

По тројката на Николиќ, вистинска ерупција од воодушевување во салата, МКК Куманово поведе со (67:64). По поените на Радукиќ, разликата беше уште поголема (71:64), на 02:50 минути до крајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена почина во возило на Итна помош кај „Света Петка“

Застана играта во нападот на гостите од Битола, токму во четвртината на одлука, кумановци знаеја да го казнат тој слаб период, и да се пласираат во полуфиналето.

 

 

Кај МКК Куманово, Луковиќ застана на ефект од 20.поени (плус седум скока), Радукиќ го следеше со 17. реализации седум скока и шест додавања), а Николиќ додаде уште десет.

Во екипата на Пелистер, Малешевиќ реализираше 22.поени (девет скока и две асистенции), Дејвис имаше 12,а Вилсон 13.поени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

фото: Никола Ивановски