МКК Куманово без пораз влегува во плеј-офот!

Сподели со своите пријатели

МКК куманово успеа во намерата првиот дел, оној регуларниот од сезоната во Втората лига да го заврши со максимален ефект. Да ги добие сите 20.натпревари.

Loading...

Последниот требаше да биде дерби, затоа што на теренот во салата „Перо Наков“ играа прво и второпласираната екипа на табеата во оваа конкуренција.

Но, од тоа немаше ама баш ништо, затоа што кумановци издоминираа уште еднаш, и стигнаа до повеќе од убедлива победа (105:71)

Кај МКК Куманово, Стојановски даде 23 поени, Јанески имаше 16, а Димитриевски уште 13 поени, додека кај гостите од Скопје, Џеладини постигна 16.поени, Тачи беше стрелец на 11 поени, исто толку имаше и Димитровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице тешко повредено во верижен судир во кумановско

фото: архива Кумановски Муабети / текст: КФСМ