Митови околу кои лекарите најмногу се нервираат

Сподели со своите пријатели

Постојат мнгоу верувања и митови во врска со здарвјето кои се базирани на вистина, но исто така постојат и оние кои немаат никаква врска со реалноста.

Loading...

За разлика од останатите, безопасни верувања, овие можат да имаат многу негативни последици затоа што се поврзани со начинот на живот.

Глутенот е лош

Диетите кои го исклучуваат глутенот се на врвот на популарноста и многу луѓе веруваат дека овој протеин го загрозува здравјето и намалуваат шанси за ослабнување. Вистина е дека постојат луѓе кои се нетолерантни на глутен и дека тие мораат да го исфрлат од исхраната, но тој процент е многу мал.

Доколу вашето тело го обработува глутенот без проблеми, неговото изоставување од исхраната не носи никаква корист. Напротив, верзијата за храна без глутен е што може да има повеќе шеќери и конзерванси, а помалку протеини и влакна.

Слабите луѓе можат да јадат било што

Постои верување дека само луѓето со вишок килограми треба да водат сметка што јадат, додека оние послабите немаат потреба за таква обврзаност.

Тоа воопшто не е точно, затоа што внесувањето храна полна со шеќери и масти никако не е добра, без оглед на тоа како изгледаме од надвор. Квалитетната исхрана подразбира умереност и разновидност, што секогаш е поважно од квалитетот.

Loading...

Малку честење себе си со некои видови храна не е на одмет од време на време, но за тоа мора да постои здрава основа.

Можете сами да ја пронајдете дијагнозата на интернет

Ова сите сте го слушнале, но веројатно макар малку сме виновни за барањето решение на интернет. Не е лошо да се информирате за некој проблем, како би имале основа за разговор со лекар, но интернетот е преполн со неважни и неточни информации.

Ако нешто пишува на него, не значи дека во тоа треба слепо да се верува и дека врз основа на тоа самите треба да си одредиме дијагноза. Тоа можат само стручни лица чија што работа е тоа.

Малку боја спречува изгореници на сонце

Колку пати сте слушнале дека кога ќе имате малку боја на себе можете опуштено да продолжите со сончање, затоа што таа помага против изгореници и рак на кожа?

Експертите велат дека тоа воопшто не е точно и дека секое изложување на сонцеви зраци претставува опасност по кожата.

Препораките се кон телото секогаш да се однесуваме одговорно, да го избегнуваме силното сонце и секогаш да нанесуваме крема за сончање според упатствата.

Loading...

Вежбите се доволни за стомачните мускули

Поголемиот дел од луѓето веруваат дека стомачните се прават исклучиво во теретана и со вежбање. Иако е точно дека ова може да помогне во целиот процес, најважна е сепак исхраната.

Сите имаме стомачни мускули, само е прашање колку слоеви маснотии имаме врз нив.

Вистинскиот начин тие да се засилат и истакнат е здравата исхрана со дозирано вежбање.

Leave a Reply