Мистериозно зуење во град во Ирска: Луѓето очајни, не можат да заспијат!

Сподели со своите пријатели

Мистериозно зуење се слуша ноќе во град во Северна Ирска, што го натера градскиот совет да го истражи неговиот извор.

Loading...

Жителите на Омаг, округот Тајрон, се пожалија дека не можат да заспијат поради „постојаното зуење“, а извештаите за звукот првпат се појавија кон крајот на октомври, пишува The Telegraph.

Советникот на Алијансата Стивен Донели рече дека мистериозното зуење, опишано како различно од сообраќајната бучава, се покажало како сериозен проблем за жителите.

Советот на округот Ферманаг и Омаг бара да ангажира експерт за откривање звук, откако првичните обиди да се пронајде него беа неуспешни.

Донели рече: „Можеби се работи за нешто сезонско или поврзано со временските услови, но овие работи често не излегуваат како едноставни и може да бидат од голем број извори. Она што треба да направиме е да ги утврдиме фактите и потоа да преземеме акција за да го решиме“.

Портпаролката на Советот рече дека истрагата досега не дала резултати и полицајците ги разгледуваат следните чекори за да го идентификуваат звукот.

„Поради големата површина на која е пријавен звукот, тешко е да се одреди точниот извор. Полицајците во моментов размислуваат користење на специјализирана опрема или ангажирање на специјализирана компанија за да помогне во откривањето на изворот на бучавата“.

„Бескрајниот циклус на тортура“

Мистериозни звуци веќе ги погодија другите градови и села низ Велика Британија.

Loading...

Во декември, жителите на Холмфилд, Западен Јоркшир, ја опишаа вревата доцна во ноќта како „бесконечен циклус на тортура“.

Тоа зуење е споредено со звукот на машината за перење или на дизел моторот во празен од.

Во 2013 година, научниците шпекулираа дека мистериозната бучава што некои жители на Хемпшир ги држела будни ноќе, била резултат на сексот на рибите во блискиот влив.

Жителите на Хајти, во близина на Саутемптон, наводно биле принудени да се иселат од областа откако ноќе низ нивните домови одекнувале „пулсирачки“ звуци.

Националниот океанографски центар во Саутемптон не успеа да ја расветли мистеријата.

Сепак, шкотското здружение за поморски науки тврди дека рибите би можеле да бидат одговорни за бизарниот звук на зуењето.

Д-р. Бен Вилсон рече: „Тоа е една можност. Сигурно има „звучни риби“ во северниот дел на Атлантикот и приодите на Каналот. Мажјаците од сабјарка испуштаат карактеристично потпевнување за да им дадат до знаење на женките дека бараат партнер.“