Мистериозниот град во Тихиот океан е едно од најголемите археолошки чуда (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Тихиот океан, помеѓу Екваторот и 11 паралела, се наоѓа едно од најголемите археолошки чуда – мистериозниот пловечки град Нан Мадол.

Оваа необично здание се состои од 92 мали вештачки острови, меѓусебно поврзани со канали.

Се наоѓа на островот Понпеј, околу 3.600 километри источно од Филипините, среде Пацификот, па од тие причини обично е непознато за луѓето. мегалитските структури со својот изглед потсетуваат на вили.

Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

Ископувањата покажале дека Нан Мадол е изграден пред повеќе од 200 години пред новата ера. Овој пдоаток е загрижувачки, со оглед на тоа дека е се во прашање камени блокови во стубовите кои се толку тешки, што практично е невозможно да ги наредиле луѓето.

Сепак, деталните истражувања покажале дека монолитите не настанале по природен пат, туку се дело на човечка рака. Исто така не постои одговор на прашањето од кое место се донесени, со оглед на тоа дека во близина не постои ништо што би можело да претставува извор на шестоаголните камени структури.