За само 20 минути, на 11. ноември, необични сеизмички бранови ја обиколиле половина планета. Никој не ги почувствувал, не сториле ништо, но ги загрижија научниците.
Брановите, кои списанието Национална географија ги опишува како „мистериозни“ за дваесетина минути изминале околу 17.700 километри.
Најпрвин биле забележани крај францускиот остров Мајот, помеѓу Африка и северен мадагаскар. недолго потоа активирани се сензорите во Замбија, Кенија и Етиопија, за да подоцна се јават и во Чиле, Нов Зеланд, Канада и Хаваи.
Мапа на земјите кои ќе успеат да ги преживеат климатските промени
Никој не ги почуствувал брановите, ниту пак тие направиле некаиква штета, и да не биле чуствителните уреди кои ја бележат сеизмолоѓшката активност ширум планетата можеби не би знаеле дека „биле тука“.
Научниците се збунети, но вредно работат на расветлување на „случајот“.
Земјотресите произведуваат сеимзолошки бранови, кои се движат по површината на Земјата или низ неа. Меѓутоа, експертите како можни причини ги споменуваат нуклеарните проби, движење на подморница или дејство на вулкан.
Многу фактори ги прават овие бранови неверојатни. Првин, далечината која ја минале е необична – обемот на Земјата е околу 40.000 километри, а парановите минале скоро 18.000, што би значело дека пристинале скоро преку половина планета.
This is a most odd and unusual seismic signal.
Recorded at Kilima Mbogo, Kenya …#earthquakehttps://t.co/GIHQWSXShd pic.twitter.com/FTSpNVTJ9B— ******* Pax (@matarikipax) November 11, 2018