Мистериозна смрт на руски тајкун: Безживотно тело во базен, вилата празна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Безживотното тело на рускиот тајкун Јуриј Воронов е пронајдено во неговата вила во Санкт Петербург.

Loading...

Ова е само уште една во низата мистериозни смртни случаи на тајкуни кои претходно одржуваа блиски врски со Кремљ, но одбија да ја поддржат инвазијата на Украина.

Јуриј Воронов (61) е шеф на логистичка компанија која имала договори со Гаспром на Арктикот, а неговото тело е пронајдено во прекрасна вила во Санкт Петербург.

Воронов бил пронајден како лебди во базенот со прострелна рана во главата, пиштол Гранд Пауер во близина и неколку чаури на дното од базенот.

 

Тој е седмиот богат руски бизнисмен кој починал под мистериозни околности од почетокот на годината.

Многу од нив се поврзани со Гаспром, а двајца се пронајдени мртви во истото предградие на Санкт Петербург како Воронов, пишува Дејли Меил.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Рускиот истражен комитет ја истражува смртта на Воронов, која во моментов ја припишува на спор со деловните партнери.

Неговата сопруга, наводно, им кажала на истражителите дека Воронов верувал дека бил измамен за „многу пари“ од „нечесни“ изведувачи и партнери.

Но, Воронов е само еден од бројните функционери поврзани со Гаспром кои, според властите, извршиле самоубиство.

 

 

Александар Тјулакова (61), висок финансиски и безбедносен функционер на Гаспром, беше пронајден обесен во својата куќа во ексклузивната зграда Ленински од неговата љубовница во февруари.

Инспекторите рекоа дека тој се самоубил, но локалната полиција вели дека неговото тело покажувало знаци на малтретирање, што укажува на тоа дека самоубиството било исценирано.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Три недели подоцна, во истата населба Леонид Шулман (60) бил пронајден до смрт избоден во неговата бања. Шулман беше шеф на транспортот во Гаспром Инвест, филијала на енергетскиот гигант.

 

 

Милијардерот Александар Суботин (43), поранешен извршен директор на енергетскиот гигант Лукоил, беше пронајден мртов во мај откако посетил шаман.

Една од теориите е дека тој бил отруен со отров од жаба што му предизвикал срцев удар.

Во април, Владислав Аваев (51), поранешен функционер на Кремљ, кој наводно извршил самоубиство откако ги убил ќерката (13) и сопругата (47), бил пронајден мртов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Тој имал врски со водечката руска финансиска институција Газпром банка.

Loading...

Пријателите ги оспорија извештаите дека тој бил љубоморен откако неговата сопруга признала дека забременила со нивниот возач.

Постојат тврдења дека тој имал пристап до финансиските тајни на елитата на Кремљ.

Неколку дена подоцна, мултимилионерот Сергеј Протосенија (55) беше пронајден обесен во Шпанија, откако наводно со секира ги убил сопругата Наталија (53) и нивната ќерка тинејџерка Марија.

Тој беше поранешен заменик-претседател на Новатек, компанија тесно поврзана со Кремљ.

Минатата недела уште еден мултимилионер и неговата сопруга беа пронајдени избодени до смрт.

Голиот Евгениј Палент (47) и неговата сопруга Олга (50) од Украина ги пронашла нивната ќерка Полина (20). Двајцата имале повеќе убодни рани.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.