Светската здравствена организација испрати научници да истражат болест која досега однесе 89 животи.
Станува збор за Јужен Судан, а министерот за здравство на таа земја изјавил дека засега непозната болест убила неколку десетици пациенти во градот Фангак.
Она што дополнително ја комплицира ситуацијата е тоа што областа беше зафатена од една од најтешките поплави во историјата на земјата.
Како што пренесуваат светските медиуми, примероците на починатите претходно биле тестирани за колера и сите биле негативни.
„Решивме да испратиме брза екипа да оди и да ја процени ризичната ситуација, како и да го истражи случајот. Ќе земат примероци од болни луѓе… Досега починаа 89 лица“, изјави Шејла Баја од СЗО за Би – Би – Си.
Баја изјави дека тимот дошол во Фангака со хеликоптер поради големите поплави и навел група научници да се вратат назад во главниот град на Јужен Судан, Јуба.
Пороите довеле до ширење на болести како маларија, а проблем е и гладот кај децата, бидејќи има мала количина на храна.
Маките на локалното население не застануваат тука, бидејќи и нивната вода е загадена, пренесува Daily Mail.
Поради поплавите, нафтените полиња ја загадиле водата, што доведе до исчезнување на животните.