09.09.2019 11:42

Мистериозна болест ги убива кучињата во Норвешка


Мистериозна болест во Норвешка убива кучиња во последните неколку дена, а експертите сè уште не знаат која е причината.

Норвешката Управа за безбедност на храна објави дека 40 кучиња се разболеле и имаат симптоми на повраќање и дијареја, а подоцна починале. Првите случаи биле забележани во Осло, а оттогаш кучиња починале во најмалку 13 други градови.

loading...

Ветеринарниот институт објави дека не се сигурни дали причината за смртта се двете бактерии откриени при обдукција на мртвите кучиња, јавува Би-Би-Си. По пријавените случаи во Норвешка, некои кучиња од Шведска завршија на ветеринари со исти симптоми, објави тамошниот весник.

Норвешкиот ветеринарен институт соопшти дека нивните патолози откриле крварење на цревата кај три кучиња и ја отфрлиле вообичаените причини за смрт, како што е салмонела или отров за глувци.

– Болеста е многу сериозна за кучињата, но не знаеме дали е заразна или дали се работи за индивидуални случаи – рече Оле-Херман Тронеруд, ПР на Управата за безбедност на храна и ги советуваше сопствениците на кучиња да ги водат на поводник и да избегнуваат контакт со други кучиња.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments