Во центарот на Киев, претходно е забележана долга колона од автомобили кои брзаат низ улиците на главниот град на Украина.
Твитер е преполн со шпекулации за тоа што се случува.
Biden’s here — on walkabout in central Kyiv. pic.twitter.com/l9uus74Dke
— Oliver Carroll (@olliecarroll) February 20, 2023
Некои шпекулираа дека центарот на Киев е блокиран поради посетата на американскиот претседател Бајден, кој патува во Полска. Неговата посета на Варшава е закажана за вторник.
„Центарот на Киев е блокиран поради доаѓањето на многу важни луѓе. Украинските медиуми шпекулираат дека Бајден дошол во посета. Никој не смее да поминува низ улиците“, пишуваат тие на социјалните мрежи.
The entire center of #Kyiv has been blocked for some very important guest#Ukraine Media speculates that it is Master #Biden heself came to visit
No one is allowed to drive on the main street pic.twitter.com/tkmunTQjHq— Arthur Morgan (@ArthurM40330824) February 20, 2023
Британскиот новинар Џон Свини, кој се наоѓа во Киев, на Твитер објави дека на улиците на главниот град се зборува дека американскиот претседател Џо Бајден пристигнал во градот.
Инаку, шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба утринава го откажа патувањето за Брисел, каде требаше да присуствува на состанокот за помош на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.